Крос поради своите деца секој ден јаде тестенини и порача: Имам доволно тоалетна хартија во домот

by
1 минути читање

Тони Крос ја
увери јавноста дека лично тој и неговото семејство се во одлична состојба и
немаат симптоми на Ковид-19, а тоа фудбалерот на Реал Мадрид го стори во
интервју за телевизиското шоу „Лејт Најт Берлин“, во кое посочи дека воопшто не му е здодевно во домашни услови покрај своите деца.

Не ми е
здодевно, можете да замислите како е со три деца, да се биде во домашни услови,
а притоа со своите деца покрај вас воопшто не е здодевно, што и да правите,
главното нешто е да бидете добри, ние сме во добра состојба
“ вели Крос.

Дома пробав и
некои различни стилови на фризура на косата, но тоа единствено го правам за
мојата сопруга
“ додава Германецот, а открива дека поради своите деца секој ден јаде тестенини, а со оглед на тоа што тоалетната хартија е честа тема кај јавноста поради масовното купување по маркетите, тој увери дека се’ е ок по тоа прашање во неговиот дом.

Имам доволно
тоалетна хартија во мојот дом
“ рече тој.

Ѕвездата на Реал
Мадрид притоа беше запрашан и за актуелната состојба во фудбалот во генерална
смисла на зборот, веќе е познато дека УЕФА донесе одлука Европското првенство
да биде одиграно идната година, меѓутоа се надоврза и на случајот со коронавирус
во кошаркарскиот клуб на Реал Мадрид, поточно за Трој Томпкинс, по што „Кралевите“
се во карантин..

Засега,
најважното нешто е да се ослободиме од овој непознат непријател, а нашите
животи да ги вратиме во нормален тек, јас лично ја користев истата опрема како
Томпкинс, но немам никакви симптоми
“ заврши Крос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×