Гатузо: Имаше еден италијански комичар рече на крајот сите завршуваме под иста земја

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Наполи, Џенаро Гатузо вели дека ментално е мошне тешко да се
помине ова непознато искуство со кое се соочува сиот свет во однос на
коронавирусот, а Италија на европско тло е најзасегната.

„Серија А“ е
суспендирана како дел од мерките за спречување на ширењето на Ковид-19, а таа
мерка беше воведена и во другите првенства, има позитивни тестови кај
фудбалери, а Гатузо вели дека промената на навиките кај луѓето допира до сите.

Ние искусуваме
нешто непознато, што воедно го менува нашиот живот и нашите навики
“ вели Гатузо
во интервју за „Рекорд“.

Ментално е многу
тешко, невозможно е да излезете на улица наутро или да одите до ресторан,
училиштата и други места се затворени, владата затвори се
, а луѓето не можат да излезат од своите домови
додава Италијанецот.

Сите ние сме од крв
и месо, има еден италијански комичар, Тото, кој неодамна изјави во стилот
:
Ние би можеле да бидеме осамени,
но, на крајот сите ќе завршиме под иста земја
, ова е тивок вирус, многумина се заболени
заклучи Гатузо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×