Коронавирусот се
појави во Вухан во ноември месец, брзо почна да се шири во Кина, па многу
фудбалски клубови беа приморани да заминат во друга земја и да се подготвуваат
за новата сезона.
Фудбалскиот клуб Вухан
Зал за дестинација ја одбра Шпанија, месец ипол играчите го билдаа својот
фитнес и се одеше според планот до пред десетина дена.
Коронавирусот
почна забрзано да се шири во Европа, Шпанија е една од попогодените земји, па
експедицијата на Вухан Зал реши да се врати дома каде коронавирусот е ставен
под контрола, и ситуацијата полека се враќа во нормала.
Но тоа што
доаѓаат од Шпанија им направи проблем. Пред да продолжат со активности,
фудбалерите на Вухан Зал ќе треба да бидат во карантин, и следните 14 дена да
ги поминат во изолација во Шенжен.