Фудбалер на Аталанта: Улиците во Бергамо се празни, слушаш само сирени и црковни ѕвона за починатите

by
1 минути читање

Бергамо едно од жариштата
на коронавирус во Италија, и малку иронично, фудбалерите на Аталанта мораа во
карантин откако фудбалери на Валенсија беа позитивни на Ковид 19.

Холанѓанецот од
редовите на „црно-сините“, Мартен де Рон се огласи на социјалните мрежи за да
одговори на прашањата на загрижените пријатели и фанови и да раскаже каква е ситуацијата во
градот.

„Сакам да
споделам малку информации бидејќи добивам многу прашања. Со тимот сега сме во
карантин, повеќе не смееме да излегуваме надвор. Неколку играчи на Валенсија се
позитивни на Ковид 19, и бидејќи игравме против нив (и победивме и ќе играме
четвртфинале во Лигата на шампиони, знам… не е моментот за ова) сега сме во
изолација. Никогаш не помислував дека ќе морам да се справувавм со ваква ситуација“

– пишува Де Рон.

„По мечот со
Валенсија, бевме среќни само еден час, потоа се вративме во реалноста во
Бергамо. Ситуацијата е многу лоша. Улиците се целосно празни. Можете да
слушнете само сирени на брза помош и црковни ѕвона за луѓето кои за жал починаа“.

„Доаѓаат подобри
денови, Италија е силна, на сите сакам да им посакам сила во овие неколку
недели“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×