Одисон Игало нема
ништо против помала плата за да остане во Манчестер јунајтед, 30 годишниот
напаѓач кој во редовите на Премиерлигашот дојде на позајмица од кинески Шангај
Шенхуа во последниот ден ор зимскиот преоден рок, речиси да нема дилеми во
своите намери.
„Сан“ известува
дека напаѓачот посакува да остане на „Олд Трафорд“ и по крајот на позајмицата,
а неговата намера е да потпише договор со Манчестер јунајтед и покрај тоа што
во едно такво сценарио тој би заработувал многу помалку во однос на договорот
со Шангај.
На Островот
наведуваат дека Игало наводно се согласува да жртвува дури 6 милиони фунти од својата плата (близу 12 милиони фунти) која ја заработува во Кина, само за да остане во Манчестер
јунајтед, каде веќе го импресионираше и својот нов тренер Оле Гунар Солшер,
откако на четири натпревари како стартер запиша исто толку и погодоци зад
своето име.