Не е само Гарај, пет случаи на коронавирус во Валенсија

by
1 минути читање

„Лилјаците“ беа
едни од првите клубови од Шпанија кои почнаа да применуваат мерки за превенција
на коронавирусот, но тоа не врoди со плод. Првите случаеви на коронавирус во Ла
Лига се токму во Валенсија.

Клубот од Местаља
попладнево пренесе дека пет членови на клубот се позитивни на Ковид 19. Еден од
нив е Езекиел Гарај, кој самиот соопшти дека е заразен со коронавирус.

Идентитетот на другите
во моментов не се открива, според пишувањата на медиумите, се работи за двајца
играчи, еден член на техничкиот персонал и еден член на медицинскиот персонал.

Сите се дома во
изолација и во моментов здравствената состојба им е добра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×