Јувентус знае дека годините се само бројка за Роналдо, нов договор за ЦР7 да игра до 39

by
1 минути читање

Засега годините не влијае на формата на Кристијано Роналдо, тој продолжува да руши рекорди и да биде главен мотор во тимот. Португалецот тренира многу, внимава на сите сегменти во животот и нема намера брзо да прекине со кариерата.

Информациите од Италија велат дека, Јувентус му подготвува нов договор на Кристијано Роналдо според кој тој и на 39 години би го носел црно-белиот дрес.

Актуелниот договор на Роналдо трае до 2022, „Тутоспорт“ верува дека Португалецот ќе го продолжи договорот и ќе продолжи со Јувентус да ја брка титулата во Лигата на шампионите.

На Португалецот му е важно проектот да е амбициозен и да цели кон најголемите титули Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×