Прв случај на Ковид
19 во Ла Лига, Езекиел Гарај од Валенсија е позитивен на коронавирус. „Лилјаците“ неодамна го тестирале целиот тим, а попладнево, самиот дефанзивец ја соопшти
веста преку социјалните мрежи.
Малерозниот Аргентинец
се заразил и покрај тоа што ниту игра фудбал, ниту пак тренира. Езекиел Гарај ги
скина лигаментите на коленото и веќе месец ипол е надвор од стројот.
Сепак, тој пред
неколку дена почнал да се рехабилитира во тренинг комплексот во Патерна, па
сите членови на Валенсија кои биле во контакт со него ќе мора да одат во
изолација.
„Јасно е дека
2020 започна многу лошо за мене. Позитивен сум на коронавирус. Се чувствувам
добро и ќе ги следам насоките на здравствените организации додека седам во
изолација“ – напиша Гарај.