Ѕвездата на
Јувентус пред неколку дена се обрати на јавноста со емотивна порака, ги повика
сите да останат дома и да ги слушаат насоките на здравствените организации и
властите.
Последните
информации велат дека самиот Кристијано Роналдо ќе стави на располагање во
битката со коронавирост. На социјалните мрежи брзо почна да се шири вест која
потоа почнаа да ја објавуваат голем број на медиуми, а која вели дека хотелите
на ЦР7 во Португалија ќе станат болници за да се помогне во борбата со
коронавирусот.
Оние кои се
погодени од заразата нема да треба да платат ништо, и не само тоа, Кристијано
Роналдо ќе ги покрие сите трошоци и ќе ги плати докторите и другиот персонал.
Во време на „фејк
њуз“, оваа вест треба да се земе со прилично голема доза на резерва бидејќи во
моментов Португалија не е толку погодена од коронавирусот како некои други
земји oд Европа и болниците се уште не се толку оптоварени.
Синоќа беа
регистрирани само 169 случаи на Ковид 19, еден веќе бил излечен и нема ниту починат пациент.