Роналдо е познат по тоа што многу тренира, внимава сторго што внесува од храна и внимава на спиењето. Но кога бил во Манчестер јунајтед многу често јадел од Мекдоналдс поради тоа што сакал да се здебели.
„Со Кристијано, кога прв пат дојдов во Манчестер, на натпреварите и на тренинзите одевме заедно. Се сеќавам ноќта пред натпревар застанувавме до Мекдоналдс бидејќи сакаше да јаде Биг Мек“, открива Руни.
„Се обидуваше да качи тежина бидејќи беше многу слаб. Јас возев, па со автомобилот поминувавме да му купам Биг Мек“.
Роналдо колку е повозрасен толку повеќе внимава на себе. Сега има шест мали оброци дневно и пет дремки со цел да биде максимално физички и да има подолга кариера.
„Со четири деца не знам како успева да го прави тоа. Го имате Роналдо кој изгледа како милион долари, и јас кој никогаш немал идеално тело, но можам да играм 90 минути и можам да тренирам секој ден. Не се грижам за физичкиот дел. Кога ќе видам дека имам проблеми со тоа ќе прекинам да играм фудбал“.