Во четврток ќе
има итен состанк на клубовите од Премиерлигата откако суспензијата на
превенството отвори многу прашања. Неизвесно е дали сезоната ќе продолжи во
април месец, според пишувањата на Скај Спортс, извори им брифираат дека шансите
се 75% сезоната да не заврши.
Па сега треба да
се разгледуваат сценарија што доколку првенството не може да продолжи. Низ
медиумите има многу шпекулации и се пишува за поделеност на клубовите, челниците
имаат различни ставови за тоа како понатаму.
Ситуацијата е
прилично сложена, не е во прашање само титулата на Ливерпул, туку и тоа кој ќе
игра во Лига на шампиони, кој во Лига Европа, кој ќе испадне, кој ќе биде
промовиран, во прашање се многу пари, па треба да се донесе решение со кое ќе
бидат сложни сите за да се избегнат тужби.
Според пишувањата
на Телеграф, најреална опција е титулата да му се додели на Ливерпул со оглед
на тоа дека „црвените“ имаат дури 25 бода предност на табелата (Манчестер Сити
има и два меча помалку). Никој нема да се пресели ранг подолу, ВБА и Лидс ќе
обезбедат промоција и следната сезона ќе има 22 екипи во Премиерлигата.
Веројатно Лига Купот нема да се игра за да се направи простор за новиот
распоред.
Но неколку
клубови се за идејата сезоната да се поништи, а со тоа да не се додели титула,
Вест Хем е првиот клуб кој јавно даде поддршка за ова. Вакво сценарио е особено болно за
Ливерпул, кој чека титула 30 години и сега конечно е на чекор до трофејот со 27
победи од 29 кола.
Се разгледува и
за можноста сезоната да финишра летоска, односно преостанатите натпревари да се
одиграт во периодот јули-септември. За едно вакво сценарио најпрво треба да се
почека одлуката на УЕФА за ЕВРО 2020, како и плановите за Лигата на шампиони и
Лига Европа и тоа не само за мечевите од оваа сезона, туки и за квалификациите
за следната.
Тоа што нема да
се одиграат преостанатите девет кола би значело загуба на неколку стотици
милиони фунти, голем дел од клубовите можат да имаат проблем со ликвидност, па
подобро е да земат пари за неколку месец од сега, наместо да останат со празни
раце.
Сепак, ова отвара
дополнителен проблем, има играчи кои се под договор до 30. јуни, а работите
стануваат покомплицирани доколку некој од нив веќе има потпишано пред-договор
со друг клуб и од 1. јули треба да брани нови бои, па во нефер положба
ќе бидат ставени одредени клубови.