Фудбал во Англија
ќе нема до почетокот на април, но уште сега е нејасно дали сезоната воопшто ќе
продолжи и дали ќе бидат одиграни сите натпревари. Ваков проблем имаат и
останатите првенства во Европа, каде федерациите и клубовите разгледуваат
различни сценарија.
Една од опциите
која во предвид се зема во сите земји е сезоната 2019/20 да се поништи, да не се додели
титула, и ниту една екипа да не се пресели во ранг подолу.
Вакво сценарио во Премиерлигата ќе биде
особено болно за Ливерпул, избраниците на Клоп имаат неверојатна сезона и 27 победи
од 29 натпревари. Потребни им се само уште шест бода да бидат шампиони и пред да се суспендира, сезоната, само
прашање на време беше кога тие ќе ја освојат титулата.
Медиумите
шпекулираат дека неколку клубови од Премиерлигата во петокот го побарале ова, а Вест
Хем е првиот клуб кој јавно проговори и предложи поништување на сезоната.
Во колумна за Сан,
потпретседателката на „чеканите“, Карен Брејди напиша: „Суспензија на
првенствоот или прекинување, секогаш беше опција. Не може да се избегне
сценариото сезоната да биде поништена доколку играчите не можат да играат а со
тоа натпреварите да не можат да се одржат“.
„Премиерлигата
верува дека за три недели ќе може да продолжи сезоната, но тоа можат да остане само
пусти соништа“.
„Што во случај
сезоната да не може да финишира? Единствено фер и разумно решение е сезоната да
се поништи. Секако, ова ќе биде голем удар за Ливерпул, ќе им се украде титулата, прва по 30 години“.