Клоп: Нашите мисли и молитви се кон ривалите и индивидуите кои се заболени

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп напиша отворено писмо како поддршка во
одлуката на ФА да ја суспендира Премиерлигата како мерка во справувањето со
ширењето на коронавирусот кој сериозно го зафати и Островот.

Во Премиерлигата
завладеа паника најпрво откако сопственикот на Нотингем Форест и Олимпијакос,
Евангелос Маринакис беше тестиран позитивен на коронавирусот, а тој освен што беше
во Лондон на гостувањето кај Арсенал, беше и на дуелот на домашен терен на
Нотингем Форест каде на трибините имаше 27.000 гледачи.

Ситуацијата во
Премиерлигата се влоши откако шефот на стручниот штаб на Арсенал, Микел Артета
потврди дека е заболен со коронавирус, и тоа брзо откако од Премиерлигата
излегоа со соопштение дека предвидените натпревари викендов дефинитивно ќе се
играат, па дури и со публика, за потоа да следат нови лоши вести, откако
Калум-Хадсон Одои беше позитивен на Ковид-19, по што лигата и официјално е
суспендирана до 4 април, одлука која наиде на одобрување кај Клоп.

Веќе кажав и претходно
дека фудбалот секогаш е најважното нешто помеѓу помалку важните работи,
денеска, фудбалот и фудбалските натпревари навистина не се толку важни
“ пишува
Германецот.

Секако, не
сакаме да играме пред празни трибини, истовремено не сакаме натпревари или
натпреварувања да бидат суспендирани, но, доколку сево ова им помага на луѓето
да останат здрави, дури и да се работи за една индивидуа, тука не поставуваме
никакви прашања
“ додава тој.

Доколку ова е
избор помеѓу фудбалот и доброто за општеството, нема никаква потреба да водиме
дискусија, навистина, непотребно е. Денешната одлука е донесена со цел да се
внимава на луѓето, да бидат безбедни, а токму поради тоа ние ја поддржуваме
оваа одлука во целост, овој вирус покажа дека ниту еден инволвиран во фудбалот
не е имун, а нашите мисли и молитви во моментов се кон нашите ривалски клубови, како и
индивидуи кои се засегнати, заболени, како и оние кои подоцна би биле
“ заклучи
Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×