Роналдо со емотивно писмо: Не ви се обраќам како фудбалер, туку како син, татко, човек загрижен за ситуацијава

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на италијанскиот првак Јувентус, Кристијано
Роналдо е во изолација во својата родна Мадеира, Португалија, а од таму
објавија дека тој не е заболен од коронавирусот, откако неговиот соиграч од „Старата
дама“, Даниеле Ругани беше тестиран позитивен на Ковид-19.

Роналдо се одзва на социјалните мрежи со едно емотивно
писмо, упатувајќи го до целата јавност, во кое наведе дека светот минува низ
еден тежок момент кој бара грижа и внимание од сите, додаде дека во писмото не
се обраќа како фудбалер, туку како син, татко, односно човек загрижен за
ситуацијата.

Светот минува низ еден многу тежок момент кој бара грижа и
внимание од сите нас. Денеска зборувам со вас не како фудбалер, туку како син,
татко, како човек кој е загрижен со последните случувања кои го засегнаа сиот
свет
“ вели Португалецот.

Многу е важно сите да ги следиме советите од СЗО (Светската
Здравствена Организација), како и владините тела за тоа како да се справиме со
моменталната ситуација. Заштитата на секој човечки живот мора да биде над сите
други интереси, би сакал да ги пренесам моите мисли до сите кои загубиле некој
близок, моја солидарност до оние кои се борат со вирусот, како мојот соиграч
Даниеле Ругани, како и мојата постојана поддршка до неверојатните медицински
лица, професионалци кои го ставаат сопствениот живот во ризик за да им помогнат
на другите
“ додава тој во писмото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×