Нови четири случаи на коронавирус во Сампдорија

by
1 минути читање

Нови четири
случаи на коронавирусот во Сампдорија, откако четворица фудбалери на
италијанскиот прволигаш биле тестирани на Ковид-19, откако најпрво заболен од
вирусот од таа екипа беше Маноло Габиадини.

Во Италија
објавуваат дека Омар Колеј, Албин Екдал, Антонио Ла Гумина и Мортен Торсби се
фудбалерите кои се тестирани позитивни на вирусот кој го тресе целиот свет, а
Италија е најзасегната на европско тло.

Во „Серија А“
веќе бележиме шест случаи на коронавирус кај фудбалерите во најсилниот
фудбалски шампионат во таа земја, а освен петтемина погоре наведени, позитивен
на тестовите за Ковид-19 беше и фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани.

„Серија А“ е
суспендирана до 3 април, се
до стабилизирање на состојбата со коронавирусот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×