Јувентус летоска ќе го купи Икарди, ама не од Интер туку од ПСЖ?!

by
1 минути читање

Напаѓачот минатата
сезона влезе во конфликт со управата на Интер, недоразбирањата не беа
надминати, Антонио Конте не сметаше на него, па Мауро Икарди беше ставен на
продажба.

Јувентус беше
еден од клубовите кои пројави сериозен интерес, но „нероаѕурите“ не сакаа да
слушнат за зделка со лутиот ривал. На крајот, Аргентинецот беше испратен на
позајмица во ПСЖ.

Според денешното
издание на Тутоспорт, Мауро Икарди останува на агендата на „старата дама“.
Весникот вели дека Јувентус ќе се обиде да стигне до потписот на голгетерот со
поинаков метод, односно играчот да заврши во Торино преку Париз наместо директно
од Милано.

При вакво
сценарио, ПСЖ треба да го купи Аргентинецот од Интер за 70 милиони евра, и
потоа за повисока сума да го продаде на Јувентус.

Мала утеха за „нероаѕурите“
е што тие би добиле 15 милиони евра плус, се верува дека има клазула спред која ПСЖ ќе
треба да плати 85 милиони евра доколку Мауро Икарди биде продаден на друг клуб
од Италија.

Тутоспорт исто
така додава дека и Наполи внимателно ја следи ситуацијата и може да има нов
обид да го донесе Мауро Икарди на југот во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×