По повеќе од една година објавен извештајот за несреќата на Сала: Авионот не требал да полета, но некој извршил притисок

by
1 минути читање

Аргентинецот го
загуби својот живот кога прватниот авион со кој патуваше од Нант то Кардиф се
урна во Англискиот канал на 21. јануари 2019. По повеќе од една година, Одделот
за истраги на авионски несреќи (ААИБ) објави детален извештај.

Истражителите
нашле многу пропусти, лицендата на пилотот била истечена, тој не бил квалификуван
да лета ноќе и немал доволно искуство да лета по инструменти. Авионот воопшто
не требал да полета, но постои сомнеж дека некој извршил притисок врз Дејвид
Иботсон за тој да лета вечерта и тоа при лоши временски услови.

Што се однесува
до уривањето на авионот, направена е реконструкција на периодот од четири
ипол минути од последниот разговор на пилотот со кулата, до моментот на удар во
водата. 

И покрај тоа што во
кабината имало присуство на јаглерод моноксид и Дејвид Иботсон бил изложен на
труење, пилотот бил свесен, се обидел да се искачи за да избегне облак, но
загубил контрола.

Неговиот напор да ја врати контролата кога авионот почнал да
понира, предизвикал оштетување на конструкцијата и леталото почнало да се распаѓа уште во воздух.
Се проценува дека авионот удрил во вода со брзина од 434 километри на час, што
е многу повеќе од брзината за која бил дизајниран.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×