По одлуката за суспендирање на Премиерлигата, многумина прашуваат: Дали Ливерпул ќе биде прогласен за шампион?

by
2 минути читање

„Црвените“ имаат
сезона за паметење со 27 победи од 29 натпревари и конечно се на чекор до трофејот
кој го чекаат 30 години. Ливерпул можеше да ја освои Премиерлигата уште овој
викенд доколку Манчестер Сити загубеше од Барнли а тие славеа во лутото градско
дерби против Евертон.

Но вакво сценарио
нема да се случи, утрово Премиерлигата донесе одлука да се суспендира
првенството откако во последните 12 часа брзо ескалираа работите и неколку
екипи се во изолација поради коронавирусот.

Следните две кола
ќе бидат одложени, а сезоната треба да продолжи на стартот од април. Но за ова
нема никакви гаранции, некое велат дека епидемијата од Ковид 19 допрва ќе земе
залает на „островото“ и може да прави проблеми до јуни месец.

Па многумина
прашуваат дали Ливерпул ќе биде прогласен за шампион, дури и легендата на
„црвените“, Џејми Карагер го интересира ова.

„Не може да се почне со новата сезона без да финишира оваа. Нема ли да се додели титулата? Кој ќе игра
во Лигата на шампиони следната сезона?? Лидс, ВБА плус уште еден клуб нема да
изборат промоција во Премиерлигата??? Три клуба од Премиерлигата ќе се спасат…“
– гласеше постот на поранешниот дефанзивец.

Медиумите и
претходно шпекулираа дека сезоната може да биде поништена поради коронавирусот
и дека Премиерлигата нема правила што да се прави во вакви ситуации, но речиси
незамисливо е Ливерпул да остане без титула кога практично е јасно дека тие се
нови шампиони и само прашање на време е кога ќе бидат крунисани.

Во Италија и
Шпанија, каде првенствата исто така се суспендирани, федерациите веќе почнаа да
изготвуваат сценарија што во случај сезоната да не може да финишира. Очигледно
во Англија никој не разгледувал опции бидејќи тие сметаа дека фудбалот ќе
продолжи нормално, такво беше и соопштението на Премиерлигата испратено синоќа
околу 22 часот, пред Арсенал и Челси да соопштат дека Артета, односно Одои се позитивни
на коронавирус и сите фудбалери одат во изолација.

Од друга страна,
ако ситуацијата се подобри и фудбалот продолжи на 4. април, Ливерпул веднаш
може да стане нов шампион. Избраниците на Јирген Клоп гостуваат кај Манчестер
Сити, и доколку слават на Етихад, титулата ќе биде обезбедена.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×