Коронавирусот ја суспендираше Премиерлигата!

by
1 минути читање

Премиерлигата
синоќа објави дека мечевите од ова коло ќе играат според планот и тоа со
публика. Но еден час по соопштението, Арсенал откри дека Микел Артета е позитивен
на кроонавирус и целиот тим оди во изолација.

Доцна во ноќта се
огласија и од таборот на Челси. „Сините“ исто така мораат во изолација откако
позитивен на коронавирус бил и Калум Хадсон Одои. Хаосот продолжи и утрово, целиот
тим на Евертон исто така беше ставен во карантин, а во самоизолација се неколку
членови на Вотфорд и Борнмут.

Па фудбалските
власти немаа многу избор откако работите брзо ескалираа, па итно беше свикан
состанок на кој едногласно е донесена одлука сезоната да биде суспендирана.

Фудбал во
Премиерлигата нема да се игра до 4. април, а доколку условите дозволат,
првенството ќе продолжи по овој датум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×