УЕФА ги одложи мечевите од Лигата на шампиони и Лига Европа како и ждрепките

by
1 минути читање

Услови за фудбал
нема, па УЕФА иако одбиваше да попушти, денеска реши дека се одложуваат натпреварите
од Лигата на шампиони и Лига Европа кои требаше да се играат следната недела,
односно реваншите од осминафиналето.

Следната недела
исто така нема да бидат одржани
сите останати пресметки од натпреварувањата под
капата на УЕФА, ниту пак ждрепките за ЛШ и ЛЕ, а што понатаму, во моментов нема
информација.

Европската куќа
на фудбалот за во вторник закажа состанок на кој ќе се одлучи како ќе се продолжи
во иднина со оглед на тоа дека и фудбалери почнаа да се заразуваат со
коронавирус, а во светот е прогласена пандемија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×