Голем хаос во
Премиерлигата во последните 24 часа. Најпрво беше објавено дека тројца играчи
на Лестер се во изолација, за потоа да пристигне и информација за првиот случај
на коронавирус.
Тренерот на
Арсенал, Микел Аррета е заразен со Ковид 19, па целиот тим на „топчиите“ беше
ставен во изолација. Иста судбина го снајде и градскиот ривал Челси, сите мораа
во карантин откако Калум Хадсон Одои бил позитивен на коронавирус.
Утрово, Евертон
соопшти дека сите играчи и тренерскиот персонал одат во изолација, тренинг
комплексот и Гудисон Парк се затвараат откако еден фудбалер пројавил симптоми на
коронавиурс.
Се огласија и од
таборот на Вотфорд и Борнмут, кои пријавија дека имаат членови на тимот со симптоми на
коронавирус.
Борнмут соопшти дека голманот Артур Боруц и уште четири лица од
персоналот се во самоизолација. Вотфорд пак не откри повеќе детали, тренреот
Најџел Пирсон само изјави дека тренингот синоќа морал да биде откажан.