675
„Волците“ не
сакаа да гостуваат во Атина откако сопственикот на Олимпијакос откри дека е
позитивен на коронавирус, побараа од УЕФА да им го одложи натпреварот, но Европската
куќа на фудбалот им нареди да патуваат во Грција.
Синоќа имаше фудбал на „Караискакис“, а по крајот на
мечот кој заврши 1-1, Нуно Еспирито Санто жестоко распали по фудбалските
власти.
„Играме со тешко
срце со оглед на моменталната ситуација. Луѓе ширум целиот свет се разболуваат
и умираат а ние играме фудбал… Тоа е апсурдно“ – порача тренерот на Волвс.