Целиот тим на Челси оди во изолација, Хадсон Одои синоќа бил позитивен на коронавирус

by
0 минути читање

Како што брифираат
од Стемфорд Бриџ, младиот фудбалер во понеделникот покажал симптоми на
настинка, и останал дома во самоизолација. Вчера биеле направени тестови кои покажале дека Калум
Хадсон Оди е заразен со Ковид 19 па се активираат процедурите кои ги поставија
властите.

Сите кои неодамна
имале контакт со играчот ќе бидат ставени во карантин, а тоа значи дека целиот тим на
„сините“ како и тренерскиот персонал ќе оди во изолација. Тренинг комплексот пак делумно ќе биде
затворен.

Челси исто така пренесе
дека Калум Хадсон Одои се чувствува добро и сака што поскоро да се врати на
терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×