Контроверзниот Марио
Балотели минатата недела се огласи на социјалните мрежи, повика првенството да
биде стопирано поради коронавирусот и порача дека здравјето е поважно од
парите.
Напаѓачот сега
одново ја коментираше ситуацијата, се сомнева дека Серија А ќе продолжи на 3. април
и вели дека челниците чекале Јувентус да се врати на првото место за да го
прекинат првенството.
„Луѓе, мораме да
останеме дома, немојте да ја потценувата состојбата, работата е сериозна.
Навистина ми недостига фудбалот, но мораме да останеме дома. Доколку излезете
надвор, ќе дојдам и ќе ви залепам една“ – вели фудбалерот на Бреша.
„Не знам дали
Серија А ќе продолжи на 3. април, мислам дека тоа нема да се случи. Мислам дека
не треба да има шампион ниту пак некоја екипа да испадне. Првите два тима од
Серија Б нека бидат промовирани и следната сезона нека имам 22 тима“.
Запрашан за
сезоната на Лацио, тој со насмевка на лицето вели: „Лацио е силен, но чекаа
Јувентус да се врати на првото мести и да го прекинат првенството“.