Манчестер
јунајтед уште вечерва ги реши дилемите за тоа кој ќе патува во четвртфинале, на
гостувањето во Линц, славеше против ЛАСК со убедливи 0-5.
Избраниците на
Оле Гунар Солшер немаа милост за противникот, не запреа ниту кога се беше јасно
кој е кој во мечот, и во судиското надополнување му дадоа два гола на
противникот за помалку од 90 секунди.
Резултатот беше
отворен во 28. минута, Игало одлично смири една топка и од врвот на
шеснаесетникот биеше неодбранливо за 0-1.
Половина час
подоцна, Џејмс доби топка во фор и реализираше за 0-2, а Мата од пенал погоди
за 0-3 во 82. минута. Младиот Гринфуд и Переира го дотолчија противникот со
голови во 91. односно 93. минута.
На останатите два
натпревари од 18:55 часот, Базел го изненади Ајнтрахт и со 0-3 триумфираше во
Франкфурт, а Башакшехир во последните минути стигна до победа од 1-0 над
Копенхаген.