Дербито помеѓу Галатасарај и Бешикташ пред празни трибини, навивачите со потег за поздрав

by
1 минути читање

Турција има само
еден заразен со коронавирус, но властите не сакаат ништо да ризикуваат и за да
спречат заразата да се прошири, вечерва донесоа низа мерки. Една од преопораките е сите
спортски настани до крајот на април да се играат без публика.

„Во консултации со експертите, одлучивме сите спортски настади до крајот на април да се играат пред празни трибини“ – изјави портпаролот на претседателот Ердоган.

Ваквиот потег значи дека големото градско дерби помеѓу Галатасарај и Бешикаш кое на програмата е овој викенд ќе се игра пред празни трибини и покрај тоа што
арената беше продадена до последно место и се очекуваа преку 50.000 фанови.

Од таборот на
Галатасарај веднаш се огласија и известија дека парите ќе бидат вратени, но
навивачите започнаа кампања, бараат наместо рефундирање, парите да останат во
клупската каса.

Исто така, се
прави напор дербито да биде бесплатно емитувано на телевизија, за сите да можат
да го гледаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×