Втор фудбалер од Серија
А позитивен на коронавирус, по Даниеле Ругани од Јувентус, со Ковид 19 се заразил и Маноло
Габијадини од Сампдорија.
Од клубот брифираат
дека напаѓачот имал мала треска, но се чувствува добро. Сампдорија сега ќе ги активира процедурите кои важат во ваков случај, и сите играчи ќе бидат ставени во изолација.
Веројатно и
фудбалерите на Верона ќе мораат да одат во изолација, Маноло Габијадини на 8. март
помина еден час на теренот во победата од 2-1 над „жолто-сините“, натпревар кој се играше пред празни
трибини.
#COVID19: comunicazione U.C. #Sampdoria, calciatore positivo https://t.co/rvUXTqXAwl pic.twitter.com/f0YEZGg4UY
— U.C. Sampdoria (@sampdoria) March 12, 2020