Тројца играчи на Лестер во изолација, имале симптоми на коронавирус

by
0 минути читање

„Лисиците“ во сабота
се среќаваат со Вотфорд во Премиерлигата, но подготовките за мечот не се
одвивале според планот.

Брендан Роџерс на
денешната прес конференција соопшти дека неколку играчи се во изолација откако
имале симптоми на коронавирус. Тој не кажа точна бројка, ниту пак откри имиња,
а медиумите шпекулираат дека се работи за тројца фудбалери.

„Неколку играчи имаат
симптоми на коронавирус. Ги следевме препораките и процедурите, па во знак на
претпазливост тие се ставени во изолација и немаат контакт со останатите
играчи“
– изјави Брендан Роџерс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×