Според
информациите кои ги објавија во Италија, се вели дека Јувентус е во преговори
со напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, кој настапува во ПСЖ на позајмица, а
наводно Аргентинецот одлучил да се врати во Италија откако ќе му истече
едногодишната позајмица со францускиот првак.
Поранешниот
капитен на „Нероаѕурите“ си замина од Милано и се пресели во Париз по
проблемите во кои влезе со клубот претходната сезона, откако му беше одземена
капитентската лента.
Икарди постигна
20 погодоци во 31 настап за ПСЖ, но „Газета дело Спорт“ информира дека неговиот
престој во француската престолнина нема да продолжи по крајот на актуелната
сезона.
Од таму
наведуваат дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе е во
преговори со агентот и сопруга на 27 годишниот напаѓач, Ванда Нара.
Николо Шира од „Газета
дело Спорт“ известува дека Интер нема ништо против во евентуална продажба на
својот напаѓач, а се споменува и цифра од 65 милиони евра со која би можела да
се заокружи потенцијалниот трансфер на лето.