Европското првенство ќе се премести за 2021 година, ЛШ и ЛЕ ќе се прекинат?

by
1 минути читање

Коронавирусот удри силно и врз спортот, Јувентус, Интер и Реал Мадрид се во изолација, па европските натпреварувања не можат да продолжат.

Ситуацијата во моментов е таква што не дава оптимизам ни з одржување на Европското првенство кое е распространето низ целиот континент. Многу фанови ќе треба да патуваат во тој период, а од сегашна гледна точка тоа е незамисливо.

УЕФА досега не реагираше, но доаѓа момент кога мора да преземе нешто. Нивниот тврд став дека фудбалот треба да продолжи полека омекнува и се верува дека уште денеска ќе излезат со официјални информации.

Според „АС“, УЕФА ја разгледува можноста Европското првенство наместо оваа да се одржи следната година. Со таквиот потег ќе биде оставен простор да се доиграат домашните првенства кои сега се во прекин. Но ќе може да се доиграат и мечевите од Лига Европа и Лигата на шампионите кои се очекува да бидат суспендирани на одреден период.

Поради изолацијата на Јувентус, Интер и Реал Мадрид, јасно е дека не може да се играат натпреварите во Лига Европа и Лигата на шампионите, па прашање е само како ќе биде суспендирана сезоната во европските натпреварувања. Дали привремено или трајно.

Со евентуалното преместување на Европското првенство, ќе се обезбеди простор за привремено суспендирање на Лигата на шампионите и Лига Европа доколку ситуацијата со коронавирусот почне да стивнува.

Преместувањето на ЕП ќе значи и дека мечот меѓу Македонија и Косово ќе биде одложен и ќе може да се игра дури и наредната година.

Сите овие информации се базираат на гласини од шпанските медиуми „АС“ и „Марка“, но се многу логични. Останува да се почека официјалната одлука на УЕФА која во краток период мора да се изјасни за ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×