Гасперини: Пред четири дена бевме во еден, сега сме во друг свет

by
2 минути читање

Аталанта се врати
во Италија, а пред да го стори тоа најпрво обезбеди место во четвртфиналето од
Лигата на шампионите сезонава, што за составот од Бергамо е секако историски
успех, но и општо гледано голем успех за еден од „помалите“ клубови.

Валенсија е веќе
минато за италијанскиот прволигаш кој во голем стил се чекираше помеѓу осумте
најдобри сезонава во Европа, а шефот на стручниот штаб Џан Пјеро Гасперини
призна дека враќањето во Италија е како враќање во еден сосема поинаков свет,
алудирајќи на ситуацијата со коронавирусот, поради фактот што таа земја по Кина
е најзасегната по тоа прашање.

Бев исцрпен,
пристигнавме околу 3,30 часот по полноќ, а јас брзо ја увидов разликата, се
вративме во реалноста која знаеме дека е ужасна, но, не само од оваа гледна
точка, еволуцијата од неделата е значајна
“ рече Гасперини за „Кориере дело  Спорт“.

Живеевме во еден
свет пред четири дена, а нешто сосема поинаку во понеделникот, како и денеска,
денес ние не знаеме што да правиме, би сакале да тренираме, не бараме повеќе од
тоа, не е лесно, но ќе се адаптираме на оваа ситуација
“ додава тој.

Немаме никаква
претстава што би се случувало во иднина, единствено имаме неизвесност, така е
кај сите, дали сево ова ќе продолжи, дали ќе играме повторно? Ние единствено
знаеме дека обезбедивме место во следната фаза и дека ни оди според планот во „Серија
А“
“ заклучи Гасперини.

Во меѓувреме,
хаосот околу коронавирусот сериозно го зафати и фудбалот, од УЕФА побарале
Интер и Рома да ја напуштат Лига Европа за тоа натпреварување да продолжи, а
голема неизвесност во италијанскиот фудбал донесе и позитивниот тест кај
фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани кој официјално е заболен со коронавирус,
по што целиот состав на „Старата дама“ во моментов е во изолација, а истото
важи и за Интер, поради тоа што „Нероаѕурите“ беа последниот противник на
Јјувентус.

На крајот, вреди да се издвои и потегот на Хетафе, противникот на Интер во елиминационата фаза од Лига Европа, откако од шпанскиот прволигаш јасно посочија дека нема да патуваат во Милано дури и по цена службено да загубат, од УЕФА излегоа со брза одлука да се одложат двата меча, Интер – Хетафе, односно Севиља – Рома, но најмногу поради рестрикциите за патување помеѓу тие клубови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×