Римскиот весник тврди дека УЕФА побарала од Рома и Интер да се повлечат од Лига Европа со цел таа да продолжи во нормален тек.
Весникот пишува дека претседателот на УЕФА, Александер Чеферин се надева дека нивните натпреварувања ќе продолжат и ќе помогнат Европското првенство да се одржи според планот.
Но, Рома и Интер го одбиле предлогот на УЕФА и побарале да им бидат најдени термини за одигрување на нивните натпревари.
Шпанската влада одлучи да ги забрани летовите од Италија, и тоа беше главната причина за одложување на мечевите Интер – Хетафе и Севиља – Рома.
Но, ако УЕФА досега не беше свесна за сериозноста на коронавирусот, можеби ќе го промени своето мислење по позитивниот тест на Ругани.
Во изолација одат Јувентус и Интер, тоа значи дека италијанскиот шампион не може да го одигра мечот против Лион.
Веројатно поради големите пари кои се вртат во фудбалот УЕФА се спротивставува на идеите за откажување на ЛЕ, ЛШ и ЕП 2020, но како се развива ситуацијата се чини дека само прашање на време е кога ќе подлегнат на притисокот.
Фудбал во овие услови не може да се игра.