3,K
Брзо по натпреварот против Интер, Роналдо отпатува во Португалија на посета кај неговата мајка која имаше удар пред помалку од десет дена.
Во меѓувреме коронавирусот пламна уште повеќе во Италија, а неговиот соиграч Ругани беше првиот фудбалер позитивен на КОВИД-19 од Серија А.
Целиот тим на Јувентус, стручниот штаб и луѓето во клубот ќе одат во 14 дневна изолација, но Роналдо нема да биде во Торино.
Тој ќе остане во Португалија каде ќе треба да ја помине изолацијата, а во Италија ќе се врати откако ќе коронавирусот ќе стивне.