299
Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани има коронавирус. Поради неговиот случај сите фудбалери на Јувентус и Интер ќе бидат во изолација.
На фудбалерите на Јувентус се очекува да им бидат направени и тестови со цел да се види дали некој од нив се заразил од Ругани.
А шансите за тоа не се мали. На социјалните мрежи главна е фотографијата од соблекувалната на Јувентус по победата над Интер во неделата.
Сите фудбалери, вклучувајќи го и Ругани славеа во соблекувалната.

