Шампионот на
Франција претходните три години го завршуваше настапот во Лигата на шампиони
уште во првата нок-аут рунда. И сега им се закануваше елиминација во
осминафинале откако на првиот меч загубија на гостувањето во Дортмунд со 2-1.
Младиот Ерлинг Халанд, со два гола, ги предводеше „милионерите“ до триумф.
Сепак,
избраниците на Тухел денеска ја надополнија негативата и пред празни трибини на
„Паркот на принцовите“ го добија реваншот со 2-0.
По крајот на
натпреварот, сите играчи на ПСЖ му се радуваа на прогресот во четвртфинале копирајќи
ја прославата на Ерлинг Халанд. За некого ова е тролање на Норвежанецот, но
други сметаат дека се манири на мал клуб.
Ерлинг Халанд има
само 19 години, а на другата страна тим на кој се потрошени преку 500-600
милиони евра со еден куп ѕвезди предводени од најскапиот фудбал Нејмар, чија
цел е титулата во Лигата на шампиони а не поминување на првата нок-аут фаза.
PSG squad trolls Erling Braut Haaland en masse after knocking out Dortmund tonight. (RMC) pic.twitter.com/R6inCKULiu
— Get French Football News (@GFFN) March 11, 2020