Цел Јувентус оди во излоација, освен Роналдо?

by
1 минути читање

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е заразен од коронавирус, клубот го потврди тоа и соопштеи дека ќе ги следат сите упатства од владата за изолација на тимот.

Сите фудбалери на Јувентус освен Кристијано Роналдо тренираа денеска.

Роналдо доби слободни денови, тој е во Португалија, во Мадеира на посета кај неговата мајка.

Уште пред да биде утврдено дека Ругани има коронавирус, Јувентус соопшти дека Роналдо е во Португалија и од таму го следи развојот на ситуацијата со коронавирусот во Италија.

Роналдо дефинитивно нема да биде во изолација заедно со остатокот од тимот на Јувентус, но можеби ќе биде во карантин во Португалија бидејќи и тој сигурно бил во контакт со Ругани неколку дена претходно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×