Шампионот на
Европа доживеја елиминација, Ливерпул имаше игра, доминираше против Атлетико,
креираше еден куп шанси и кога конечно успеа да стигне до резултат кој значеше
четвртфинале, Адријан ја оплеска работата а Маркос Љоренте блесна.
Одбраната на
„колчонероси“ на првиот натпревар издржа, и денеска добро одолеваше се до
финишот на приот дел кога Вајналдум скокна високо и го матираше Облак за 1-0.
„Црвените“
продолжија да притискаат во вториот дел, голот на Атлетико висеше, Робертсон ја
погоди пречката, Облак имаше неколку добри интервенции и за сите промашување за
малку ќе стигнеше казната во последните секунди. Саул погоди по една нафрлена
топка од прекин, но голот беше поништен поради офсајд.
Натпреварот отиде
во продолженија, а таму уште на стартот Фирмино ја затресе мрежата за 2-0 и
огромна радост на Енфилд.
Сепак, три минути
подоцна, резервниот голман Адријан направи катастрофална грешка, лошо исфрли
една топка, гостите неочекувано добија шанса и Маркос Љоренте од работ на шеснаесетникот
прецизно биеше за 2-1.
Потоа следуваше
нов шок, истиот играч во 105. минута се најде во нова прилика, повторно од
врвот на шеснаесетникот шутна и го матираше Адријан по втор пат. Во последните
секунди од второто продолжение, кога се беше јасно, Алваро Мората само го дотолчи
противникот за 2-3.