УЕФА се освести и го одложи натпреварите Севиља-Рома и Интер-Хетафе

by
1 минути читање

Прва реакција на
УЕФА поради коронавирусот, европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека
се одложени два натпревари во Лига Европа, и тоа шпанско-италијанските двобои, односно мечевите Севиља-Рома и Интер-Хетафе.

Причина за ваквиот
потег е одлуката на властите во Шпанија да ги забранат сите летови од Италија.
Рома попладнево не доби дозвола за лет, па УЕФА мораше да реагира и
да реши дека нема да има фудбал на „Рамон Санчез Писхуан“ односно „Џузепе Меаца“.

Во моментов не е
познат датумот кога ќе се играат натпреварите, ниту пак дали реваншите кои се
на програмата следната недела ќе се одржат според планот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×