Претстојниов
викенд на програмата се натпреварите од 30 коло во англиската „Премиерлига“, а
одложен е дуелот кој вечерва требаше да се одигра помеѓу Манчестер Сити и
Арсенал, заостанат меч кој поради стравувања од коронавирусот сепак нема да се
одигра.
Веќе е познато
дека сопственикот на Олимпијакос и Нотингем Форест, Евангелос Маринакис објави
дека е заболен од коронавирусот, а тој на 27 февруари беше присутен на дуелот
од Лига Европа помеѓу Олимпијакос и Арсенал, а имал и контакт со членови на
лондонскиот клуб, по што на Островот постои загриженост од сево ова.
Од Манчестер Сити
со соопштение во јавноста објаснија дека одлуката е донесена токму поради
фактот што членови на Арсенал имале контакт со Маринакис, а од Арсенал
возвратија дека шансите за заразување на дел од нивните членови биле екстремно
мали.
Со сличен став се
одзва и Брајтон, токму оваа екипа е следниот противник на програмата на Арсенал
во „Премиерлигата“, и тоа во сабота.
„Ризикот кој го
земавме во предвид е екстремно низок, а дуелот предвиден да се одигра во сабота
останува според програмата, со тоа што самоизолацискиот период за одредените
фудбалери завршува токму утре“ се вели во соопштението од Брајтон, во кое
додаваат дека ќе продолжат да ги следат сите препораки од институциите во
поглед на мерките за справување со коронавирусот.
Останува дилемата каква ќе биде реакцијата на Островот по прашањето со коронавирусот, таму се уште има благи мерки, кои се однесуваат само на препораки, а натпреварите се играат со публика.
Сепак, нема дилеми дека работите би можеле да се променат и таму, со оглед на фактот што Маринакис присуствуваше во петокот на мечот на Нотингем Форест во „Чемпионшип“ дивизијата, а земајќи го во предвид и вечерашниот одложен дуел помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, останува прашањето какво сценарио ќе проследиме за мечот со Брајтон во сабота.
За крај, кога сме веќе кај Олимпијакос, кој како што наведовме играше во Лондон во рамките на Лига Европа, беа извршени тестирања кај фудбалерите на грчкиот тим, по што резултатите се негативни кај сите фудбалери.
Тоа би можело да биде олеснителна околност за загриженоста која вчера ја пријави шефот на стручниот штаб на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, кој наведе дека неговиот тим воопшто не е среќен што утре треба да игра против Олимпијакос во Атина во Лига Европа.