Ван Дајк повика на претпазливост: Атлетико има фудбалери кои брзо можат да казнат невнимание

by
2 минути читање

Ливерпул не е во
некоја загрижувачка ситуација, меѓутоа факт е дека избраниците на Јирген Клоп
не играат на нивото на кое очекуваат многумина од нив, како и да е, вечерва
некои работи ќе можат да се променат, а ништо чудно да тргнат и на полошо за „Редсите“.

Во првата
пресметка Атлетико Мадрид дојде до минимална победа од 1-0 пред своја публика,
па доколку посакува место во четвртфиналето од Лигата на шампионите, бранителот
на европскиот трофеј вечерва ќе мора да ја надмине таа негатива.

Столбот во
одбраната на Ливерпул, Вирџил ван Дајк смета дека рецептот за успех вечерва за
неговиот тим е да се игра со пасија и макотрпна работа на теренот, а тој се
потсети и на ланското полуфинале со Барселона, кога прво загубија со 3-0 на
гости, за дома на реваншот да ги совладаат Каталонците со 4-0.

Ние имавме доста
ниски шанси во дуелот со Барселона, како и да е. Излегуваме на теренот со
стандардни мисли, како и секогаш, надевајќи се дека ќе го добиеме натпреварот и
ќе одиграме добар меч, но, најпрво треба да прикажеме голема пасија и макотрпна
работа на теренот
“ рече Ван Дајк во пресрет на вечерашната реванш пресметка на
„Енфилд“.

Ние мораме да се
бориме почнувајќи од првата, па се
до последната секунда од мечот. Секакво сценарио е во игра, а тие можат да
бидат дури и подобар тим, но, ние сакаме да докажеме зошто посакуваме да ја
поминеме оваа фаза базирајќи се на нашите квалитети, како и тоа дека
заслужуваме да бидеме во четвртфиналето
“ додава Холанѓанецот.

Ќе биде тешко со
Атлетико, имаат фантастичен тим, тие се едни од најдобрите во начинот на кој
играат, агресивни се, имаат фантастични фудбалери во својот состав кои можат да
искористат било кое невнимание од противниците
“ заклучи Ван Дајк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×