Дали новинарот со овој потег го тролаше Мурињо? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лајпциг во голем
стил го елиминираше Тотнем во рамките на осминафиналето од Лигата на
шампионите, откако најнапред славеше минимално на гостински терен, за синоќа
пред своја публика да слави со 3-0.

Тотнем е во
големи проблеми сезонава, сето тоа надополнето со повредите на клучни фудбалери
од тимот како Хари Кејн и Сон, а дополнително отежнувачка дојде и повредата на
засилувањето во зимскиот преоден рок кое одлично се адаптираше во брз период,
Стивен Бергвајн.

Сосема очекувано,
владее разочарување кај шефот на стручниот штаб на Тотнем, Жозе Мурињо, така
беше и на пресконференцијата по мечот во Германија, а еден новинар имаше
интересна конверзација со него.

Расположи се, ќе
биде ок
“ му рече новинарот на Мурињо, а откако на Португалецот не му беше јасна
замислата на новинарот, овој на крајот додаде дека сезоната ќе биде добра, да
се расположи, па останува дилемата дали новинарот го тролаше Мурињо во оваа
ситуација, или станува збор за искрена порака кон него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×