Михајловиќ поради коронавирусот ја напушти Болоња, мора во посебна изолација во Рим

by
1 минути читање

Фудбал во Серија
А нема да има до 3. април, па клубовите кои немаат обврски во Европа им дадоа
мини одмор на своите играчи. Вакви мерки превзеде и Болоња, фудбалерите нема да
тренираат во следните дeнови.

Но ситуацијата со
коронавирусот особено го загрижува тренерот Синиша Михајловиќ. Србинот
изминатиот период се бореше со леукемија, добиваше хемотерапија па неговиот
организам е значително ослабнат и неговиот имунитет тешко дека може да се
избори со вирусот.

За да не стравува
за својот живот, лекарите го советувале да го напушти северот на Италија каде е
жариштето, па тој заминал од Болоња и се вратил во својот дом во Рим.

Во главниот град
на Италија помали се размерите на заразата, но за да се избегне секаков ризик, Синиша Михајловиќ ќе биде во посебна изолација во следниот период.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×