Коронавирусот почна да одложува мечеви и во Англија, вечерва нема да се игра дуелот меѓу Сити и Арсенал

by
1 минути читање

Главната причина е сопственикот на Олимпијакос и Нотингем Форест, Евангелос Маринакис кој е заразен од коронавирус. Тој на 27. февруари беше присутен на дуелот од Лига Европа на неговиот клуб против Арсенал и имал контакт со членови на лондонскиот клуб.

„Премиерлигашкиот меч на Манчестер Сити на домашен терен со Арсенал е одложен. Одлуката е донесена по медицински совет откако членови на Арсенал имале контакт со сопственикот на Олимпијакос Евангелос Маринакис кој е позитивен на КОВИД -19“, стои во соопштението на Манчестер Сити.

Со соопштение се јави и Арсенал кој смета дека шансата да се заразат нивните фудбалери е екстремно мала но ги следат препораките на владата.

„Медицинското мислење кое го добивме е дека шансите за заразување на нашите членови се екстремно мали, ние сепак стрикно ќе ги следиме насоките на владата а тоа се секој кој бил во контакт со некој кој е носител на вирусот да биде во домашна изолација од 14 дена од контактот. Фудбалерите кои биле во контакт со Г-дин Маринакис и четворица членови персоналот на Арсенал за време на мечот ќе останат во своите домови додека не поминат тие 14 дена“, се вели во соопштението на Арсенал.

Ако како почетен датум за тие 14 дена се земе денот на остварен контакт како што е предвидено, тоа е 27 февруари, тоа значи дека членовите на Арсенал веќе утре ќе можат да ја напуштат изолацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×