Мурињо: Тешко ни е да дадеме гол во моментов, Лајпциг заслужено оди понатаму

by
1 минути читање

Не се случува често Мурињо да го признае поразот и да каже дека противникот бил подобар, но овој пат се чини немаше избор.

„Се разбира дека синоќа бевме позитивни, таков треба да бидам секогаш. Ако не сте со позитивни мисли подобро да не доаѓате на натпреварот“, вели Мурињо.

„Верувавме но знаевме дека во овој момент ќе биде многу тешко. Тие се силен тим“.

„Тешко ни е да дадеме гол во моментов. Нашите први неколку грешки противникот ги казни а потоа беше многу тешко. Тие се физички фантастични, нивните дефанзивци ги добија дуелите, знаеа како да го запрат натпреварот. Многу се брзи во нападот. Цело време ни создаваа проблеми, заслужија да одат понатаму“.

„Ако имам критики за моите играчи ќе ги задржам за во тимот. Тие се обидоа да дадат што можат. Во моментов таква е ситуацијата, некои играчи не можат да го исполнат својот потенцијал. Јас сум со тимот. Не можам да обвинам никого, на секој меч имаме некоја сериозна повреда, таква е сезоната, ни се случува нонстоп“.

„Можеби испаѓањето е добро. Од тешките моменти може да излезете подобри во иднина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×