Шпанскиот весник
„АС“ известува дека УЕФА продолжува да ги одбива сите повици за одложување на
Европското првенство годинава за идната, а сето тоа поради состојбата со
коронавирусот кој го засегна и светот на фудбалот.
Италија во
моментов е број еден држава засегната со коронавирусот вон Кина, а вирусот се
шири рапидно и во останатите делови од Европа, како и во Соединетите
Американски Држави, по што се воведоа одредени мерки во фудбалот.
„Серија А“ е
суспендирана до 3 април, а натпреварите во Франција, Шпанија, Португалија и
Германија ќе се играат без присуство на публика на трибините, истовремено
постои загриженост дека актуелната сезона нема да биде завршена според
предвидениот план.
И покрај барањата
на одредени држави да се одложи претстојното Европско првенство за идната
година, од УЕФА остануваат на ставот дека тој турнир на европските
репрезентации ќе се одржи според планот.
Тоа што
дополнително е загрижувачки, е фактот што отворањето на европскиот турнир ќе се
одржи токму во Италија, поточно на „Олимпико“ во Рим.