Гвардиола повикува на суспензија на фудбалот, празните трибини немаат смисла, тврди тој

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на англискиот првак Манчестер Сити, Пеп Гвардиола преферира
властите да ги суспендираат сите спортски настани како дел од мерките во
справувањето со коронавирусот, таа опција ја гледа како подобра во однос на
онаа според која би требало да се играат натпревари без присуство на публика.

Гвардиола смета
дека прашање на време е кога мерките кои веќе се применуваат во други земји, ќе
пристигнат и на Островот.

Ние сме свесни
за сево ова што се случи во Италија, лигата е суспендирана, во Шпанија ќе се
игра пред празни трибини, а јас сметам дека истото ќе се случи и тука
“ рече
Пеп.

Другиот проблем
е секако прашањето колку вреди да се игра фудбал без гледачи на трибините? Ние
оваа работа ја работиме за луѓето, а доколку тие се оневозможени да дојдат на
стадионите сево ова нема никаква смисла без нив
“ додаде тој.

Ние како клуб ќе
ги следиме инструкциите, а сите во светот се инволвирани во ова, јас преферирам
да не се игра, дефинитивно, доколку станува збор за еден или два натпревари без
публика, би ја сфатил таа ситуација, но, фудбалот е за гледачите, а доколку тие
не можат да дојдат, во тој случај нема смисла сево ова
“ смета Пеп алудирајќи на тоа дека фудбалот треба да се суспендира генерално.

Јас лично немам
никакво задоволство од играњето натпревари во Премиерлигата или Чемпионшип
дивизијата без публика, но, ќе ги следиме инструкциите на властите
“ заврши предводникот на „Граѓаните“.

Манчестер Сити
утревечер на домашен терен го пречекува Арсенал во заостанат меч од
Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×