Празните трибини против Наполи ќе ја чинат Барселона шест милиони евра, посочи Бартомеу

by
1 минути читање

Откако беше
објавено дека реванш пресметката помеѓу Барселона и Наполи во осминафиналето од
Лигата на шампионите ќе биде одиграна без присуство на публика, претседателот
на клубот од „Камп Ноу“, Жозеп Мариа Бартомеу посочи дека таа одлука ќе се
одрази негативно во клубот од финансиски карактер.

Поточно, Бартомеу
наведе дека играњето пред празни трибини ќе ја чини Барселона шест милиони евра,
а како што е познато, оваа мерка е дел од препораките кои ги упатуваат властите
во борбата со коронавирусот.

Секако дека
постои загуба гледано од економски аспект, не само за Барселона, туку и за сите
клубови кои мораат да играат зад затворени врати
“ рече Бартомеу.

Сега ова е сечиј
проблем, а парите се секундарен фактор, здравјето е на прво место
“ додаде тој.

Барселона ќе
загуби околу шест милиони евра, очигледно дека постои жалење за оваа ситуација,
сево ова се одразува и на членовите во клубот, фанови и генерално гледано
фудбалот во целиот свет, ние сме во средината на една уникатна ситуација

заклучи првиот човек на Барселона.

Како за
потсетување, Наполи и Барселона во првиот меч ремизираа со резултат 1-1, а
реваншот е предвиден да се одигра идната среда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×