Официјално, по
одлуката на властите во Италија, „Серија А“ е суспендирана во моментов, па
тамошните медиуми објавија и три сценарија кои би можеле да се применат во една
ваква ситуација.
За справување со
коронавирусот (Ковид-19) кој го коси целиот свет, помош пристигнува од сите
страни, а од Милан објавија дека веќе имаат донирано 250,000 евра како поддршка
во справувањето со вирусот.
„Милан како клуб,
во склопот на фондацијата „Милан“ одлучи да донира 250,000 евра во „АРЕУ“ (компанија
за итни случаи на регионално ниво), една агенција која е посветена на
справувањето со здравствените случаи во регионот на Ломбардија“ се вели во
соопштението на клубот.
„Донацијата ја
поддржува макотрпната работа на „АРЕУ“ во справувањето со оние кои се заболени
од коронавирусот, клубот веќе ги почитува препораките од властите“ додаваат од
таму.
Извршниот
директор на „Росонерите“, Иван Газидис инсистира на тоа дека постојат поважни
работи во животот отколку фудбалот.
„Постојат поважни
работи во животот отколку фудбалот, ова е време кога сите треба да водиме грижа
за оваа ситуација, мораме да се однесуваме одговорно, а воедно и да ги следиме
упатствата и препораките од властите, како дел од клубот, се чувствувам горд
што истиот подвлече ваков потег со донацијата“ рече Газидис.