271
Германија почна
да воведува забрани за да спречи ширење на коронавирусот, во многу области
од земјата, спортските настани ќе се одржуваат зад затворени врати, или пак не
смее да има повеќе од 1.000 гледачи.
Па за прв пат во
историјата ќе нема публика во Бундеслигата. Прв меч пред празни трибини ќе биде
заостанатиот деул поемѓу Борусија Менхенгладбах и Келн, кој е на програмата утре.
Зад затворени
врати ќе се игра и големото локално дерби помеѓу Дортмунд и Шалке овој викенд,
како и пресметката помеѓу Вердер и Баер во понеделник. Баерн Минхен исто така
дома ќе игра пред празни трибини, а се очекува во скоро време да бидат донесени
одлуки за уште неколку натпревари.