223
Донесена е одлука 28. и 29. коло од Примера да се играат без публика поради коронавирусот.
Ова е одлука на шпанската влада која ќе биде потврдена по состанокот на министрите во текот на денот.
Реал Мадрид е попогоден од ваквата одлука, кралскиот клуб и двата натпревари ги игра на домашен терен. Прво го пречекува Еибар, а потоа Валенсија.
Барселона во следното коло гостува кај Мајорка, па го пречекува Леганес.

